Одржувањето на стандардите за хигиена и перење бара ефикасно снабдување со производи и услуги. Градењето на непречени процеси бара широка експертиза за поддршка на вашите технички и оперативни потреби. Нашите решенија за апликации се водечки во оваа индустрија со повеќе од 100 години искуство и оператива во над 1.300 тунели за перење низ целиот свет.
Clax Master е модуларна платформа дизајнирана да помогне во справувањето со секоја област од операциите за перење, како и одржување на индустриските стандарди и подобрување на оперативната ефикасност.
Во свет каде што трошиме повеќе ресурси отколку што произведува нашата планета, само оние кои паметно ги користат ресурсите прават промени во индустријата. Преку нашиот фокус на целосниот животен циклус на ткаенината, им помагаме на клиентите да го продолжат времето на употреба на ткаенината и да ги оптимизираат ресурсите.
Превземајќи холистички пристап што нѐ издвојува на пазарот, нашите експерти за комерцијални перални ги поддржуваат клиентите од првичниот избор на ткаенина до процесот на перење на истите па сѐ до крајно фрлање. Овој сеопфатен поглед кон операциите на перење им дава на нашите клиенти сознанија кои го подобруваат искуството на гостите, ги намалуваат трошоците и промовираат одржливост кон животната средина.