Search

Потребна ви е помош? +389 (02)2401 106
Потребна ви е помош? +389 (02)2401 106

Ние најдобро го знаеме патот до беспрекорно чиста средина. Придружете ни се.

Повеќе од 25 години сме дел од заштитата од штетници во Вашите домови, производства, градови и општини ширум нашата држава.

Нашата компанија постојано го надоградува тимот на експерти кои се јадрото на нашиот прогрес, соочувајќи се со различни проблеми и пронаоѓање на паметни решенија за истите. Оваа наша експертиза ја препознаа значаен број на клиенти од најразлични профили, па затоа денес соработуваме со многу болници, хотели, разни видови на производства за храна и пијалоци, училишта, градинки, компании од различни области, општини и градови.

Ние сме Ваш партнер за контрола и елиминирање на штетници, но не само тоа. Ние сме тука и да ги идентификуваме проблемите и потенцијалните ризици и истите да ги отстраниме, во најкус временски период. Со нашата компанија Вие можете да бидете сигурни и заштитени од непријатниот ризик за појава на штетници.

Најдобра професионална контрола на штетници

Штетниците се постојана закана за вашиот бизнис. Тие ја уништуваат и контаминираат храната, шират опасни болести кои се пренесуваат преку храна и патуваат со пратките од вашите снабдувачи до вашето место на работа.

Последиците од непреземањето на соодветни мерки за заштита од штетници, може да бидат катастрофални по Вашата компанија. Уште од 1994 година, ПРИМАТЕКС им помага на компаниите при контролата на штетниците користејќи најнови технологии и најдобро обучени професионалци.

Применувајќи го долгогодишното искуство во решавањето на проблемите со штетниците, ја имате нашата гаранција дека ќе ви обезбедиме висок квалитет, постојана услуга и успешна соработка. Поради тоа, денес, Приматекс ја има довербата од голем број компании од разни индустрии. 

Доверете ја контролата на штетниците на најдобрите и придружете им се на бројните компании што го направија истиот избор.

Штетниците постојано се трудат да го окупираат вашиот простор

Наша работа е да нудиме решенија за контрола на штетниците за индустрискиот, земјоделскиот, трговскиот и домашниот сектор. Ние употребуваме разни техники користејќи ги најновите производи за заштита на вашето здравје, храна и имот на најефикасен и еколошки одговорен начин. Целосно сме посветени на задоволството на клиентите и горди на нивото на нашите услуги. Нашите техничари се високо квалификувани и обучени со највисоки професионални стандарди, што е витален фактор во овозможување на Вашето спокојство и доверба, знаејќи дека вашиот бизнис или дом се заштитени.

hrana

Извори на храна

Дури и најмалите санитарни пропусти може да обезбедат доволно храна за штетниците. Лебарките јадат скоро сè – од влакна до лепакот употребен за затворање на картонските кутии.

места за криење

Места за криење

Глодарите и лебарките бараат места за живеење што се мали и темни. Мали пукнатини и отвори во вашиот објект може да обезбедат место за живеење и размножување за штетниците.

vlez

Места за влез

Штетниците може да влезат во вашиот простор за работа на разни начини, вклучувајќи врати, прозорци, вентилација, цевки, пукнатини или дупки во ѕидовите и подовите или преку достава од снабдувачите.

4

Достапност на вода

На штетниците секоjдневно им е потребна вода – фонтани, купатила, неправилни истеци, кондензација во системот за вентилација и други видови цевководи кои се и атрактивни места за размножување.

5

Простории за клиенти

Просторите за одмор се критични места на изложеност. Заштитата на вашите клиенти и вработени од непријатната и нездравата изложеност на штетници е многу важна за вашиот бизнис — и за вашиот успех.

Фокусирани на потребите на клиентите обезбедуваме одлични услуги уште од 1994 година

ДЕЗИНФЕКЦИЈА

Дезинфекцијата е примарниот механизам за деактивација/уништување на микроорганизмите.

Механички мерки – механичко отстранување на микроорганизмите од работните површини, предмети и простории за работа, односно подготовка на просторот за другите мерки на дезинфекција.

Физички мерки – се спроведуваат со користење на сува или влажна топлина.

Хемиски мерки – со употреба на хемиски средства – дезинфектанти.

ДЕЗИНСЕКЦИЈА

Дезинсекцијата е збир на мерки за што е можно поголемо намалување на популацијата на штетните инсекти.

Механички мерки – чистење, навремено отстранување на отпадот и останатиот погоден материјал за размножување на инсекти, вградување препреки, употреба на мамци и сл.

Биолошки мерки – употреба на природни непријатели на инстектите – предатори или употреба на патогени микроорганизми кои делуваат селективно на целните видови штетни инсекти.

Хемиски мерки – употреба на хемиски средства со цел намалување на бројот на штетните инсекти, успорување на нивниот раст или нивно целосно уништување.

ДЕРАТИЗАЦИЈА

Намалување на популацијата на глодарите под нивото на штетност, спречување на нивното размножување и потполно уништување.

Механички мерки – навремено отстранување на отпадот и останати материјали погодни за нивно размножување, отстранување на нивните легла, поставување мрежи, стапици и лепливи траки со или без атрактанти.

Хемиски мерки – употреба на хемиски средства (родантицидни мамци) со цел намалување на популацијата на глодари или нивно целосно уништување

Физички мерки – употреба на ултразвук кој го спречува нивното влегување или задржување во објектите.

Back to Top
Product has been added to your cart