Политика за квалитет и животна средина
Управителот ја утврдува Политика за квалитет и Политика за заштита на животна средина во сооднос со Визијата и Мисијата на Друштвото. Со Политиката за квалитет и животна средина, е искажан односот на ПРИМАТЕКС спрема:
Поставените цели на системите за квалитет и животна средина преку едукација на вработените и следење на нови технологии,
Купувачи/ корисници,
Вработени,
Сопствениците,
Добавувачите,
Заедницата
Управителот со Менаџерот за квалитет ги запознава вработените со Политиката за квалитет и Политика за заштита на животна средина. Секој вработен има обврска да извршува активности во насока на остварување на Политиката за квалитет и Животна средина. Политиката за квалитет и Животна средина еднаш годишно се преиспитува врз база на добиените резултати и/или евентуалните измени во работењето.
Управителот на ПРИМАТЕКС ја утврдува следнава Политика за квалитет и Животна средина:
Со користење на најсовремени технички решенија ги исполнуваме севкупните барања на корисникот.
Тимска работа со постојана едукација е приоритет на сите вработени.
Наши партнери се врвни светски производители во различити сегменти од областа на комунална и општа хигиена
Ние со професионален однос кон работата придонесуваме во афирмација на целокупната Приматекс групација
Постојана грижа према обврските кон заедницата и запазување на животната средина.
Управувањето со ризици претставува клучен интегрален дел во корпоративното работење и операциите како и развивање на стратегии за намалување на ризиците како составен дел од интегрираниот систем за управување со квалитет и заштита на животната средина.
„ПРИМАТЕКС“
Скопје,28.11.2016



