ДДД услуги - дезинфекција, дезинсекција и дератизација
19/ 11/ 19/

Значење на ДДД услуги – дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Кога луѓето ќе наидат на проблем со бактерии, инсекти или глодари, првиот чекор што го прават е нивниот обид да се справат сами и најчесто не успеваат. Тие ќе исчезнат за кратко време, или нема воопшто да исчезнат и многумина само ја прифаќаат ситуацијата.

За да се ослободите од штетниците, потребна е сертифицирана контрола, услуга и пристап. Како професионалци кои со години нудат ДДД услуги за одржување на чиста и безбедна околина, ќе ви го објаснеме нивното значење и употреба.

Што е дезинфекција

Дезинфекција е превентивна хигиенско-санитарна мерка против бактерии и микроорганизми, кои најчесто се причинители за инфекции и болести. Со дезинфекцијата, бактериите се отстрануваат или се уништуваат со што се спречува нивната повторна појава.

Дезинфекцијата најчесто се врши според потребата. Поинаку кажано, се користат услови и услуги кои се потребни за да се пристапи на проблемот. Исто така, во зависност од времето и условите на извршување, дезинфекцијата може да биде:

  • Тековна
  • Завршна

Покрај оваа поделба, овој процес вклучува и хемиска, механичка и физичка дезинфекција. Хемиската дезинфекција се врши со хемиски средства наречени дезинфектанти. Со механичките мерки се отстрануваат бактериите од работните површини, простории за работа итн. Додека пак, со физичките мерки се пристапува со сува или влажна топлина.

Што е дезинсекција

Дезинсекцијата е мерка која се превзема за намалување на популацијата на инсектите како и за нивно уништување. Поради заразните болести кои ги пренесуваат инсектите, дезинсекцијата се смета за неопходна мерка меѓу потребните ДДД услуги која влучува висококвалитетни производи. Овој процес се состои од три дела:

  • Механички мерки
  • Хемиски мерки
  • Биолошки мерки

Механичките мерки на дезинсекцијата како дел на ДДД услуги вклучуваат навремено чистење на материјалот за размножување на инсектите како отпад, мамци итн. Хемиските мерки содржат хемиски средства за намалување на бројот на инсектите, наречени инсектициди. Со биолошките мерки се употребуваат предатори или патогени микроорганизми за нивно уништување.

Што е дератизација

Дератизацијата е исто така значајна мерка на ДДД услуги која се применува за справување со глодарите. Тоа се вид на цицачи распространети низ цел свет, а кај нас такви се глувците и стаорците. Дератизацијата има две основни мерки:

  • Општи (затворање на отвори, прозори итн.)
  • Специфични (хемиски, механички и физички)

Хемиските мерки опфаќаат хемиски средства наречени родентициди. Со механичките мерки се отстранува отпадот, мрежи, стапици, лепливи траки итн. Физичките мерки се користат со нова технологија која вклучува ултразвук кој го спречува нивното влегување во објектите.

Каде се вршат ДДД услуги

Инсектите се најчести во прехранбената индустрија и во земјоделието каде се користат средства за чистење на работилници за храна. ДДД услуги се вршат и во болниците, угостителските објекти и хотелите, деловни и станбени објекти, магацински простории, училишта/ градинки итн. Секоја мерка се врши според системски план и се спроведува во објектите каде дезинфекцијата, дезинсекцијата и дератизацијата се задолжителни.

Значење на ДДД услугите

Според Центарот за јавно здравје, ДДД услуги се потребни во секоја установа каде што е можна појава на штетници. Исто така, постои и правилник според кој е наведено кои услови треба да се почитуваат и кои услуги задолжително треба да се понудат на установите. Ваквите услови за ДДД услоги, се распоредени по градови и по потребата на установите.

Заклучок

Согласно на закон, правилник или ХАЦЦП принцип, секоја установа е должна да почитува и применува ДДД услуги.

За оваа цел, потребно е да контактира овластено лице или компанија која работи според Политика за квалитет и животна средина.