совети за чистење ресторан
20/ 01/ 20/

Заштитете го вашиот ресторан со овие совети за чистење

Првиот впечаток на секој гостин во ресторан е хигиената, потоа е квалитетот на храната и на крај услугата. Што значи, за да успеете во угостителскиот бизнис и да го зачувате вашиот углед, треба да создадете задоволни гости.

Покрај тоа, за да го заштитите вашиот ресторан, потребни ви се иновативни решенија поткрепени со современи методи и опрема. Всушност, дел од успехот во угостителските објекти се должи на хигиената. За оваа цел, Приматекс ви нуди соодветни совети за чистење:

1. Одржувајте ја кујната чиста

Зошто е важно кујната да се одржува чиста? Затоа што на места каде се произведува храната може да се соберат бактерии и микроогранизми доколку не е чисто. Истите тие се штетни за здравјето на луѓето зошто може да се пренесат.

За беспрекорна хигиена во кујната, нашите совети за чистење вклучуваат ДДД услуги кои ги нудат експертите за хигиена. Исто така, можете да користитите и специјални производи за хигиена како крпи, прибор и алатки.

2. За да не дојде до ширење на бактерии тоалетите мора да бидат целосно чисти

Покрај нивната можна присутност во кујните каде се произведува храната, бактериите се појавуваат и во тоалетите доколку не се одржуваат чисти. Тоалетите треба да се чистат секојдневно и да се дезинфицираат за да не оставате простор за присутност на бактерии.

Затоа потребни се сапуни за раце како и хартија за професионална употреба. Иако во денешно време се почесто се користат апарати за сушење на раце во тоалетите, повеќе истражувања покажале дека бактериите подобро се чистат доколку се избришат со хартија.

3. Просторот каде се служи храната да се одржува беспрекорно чист

Според правилниците на Р. Македонија, просторот каде се служи храната треба да биде соодветно конструиран и да се одржува во чиста состојба. Со одржување на хигиена во угостителските објекти, го штитите здравјето на вашите гости.

Овие совети за чистење ќе ви помогнат и да го зачувате вашиот углед и да го заштитите од лоши оцени од нивна страна. Запомнете, како што вие го заслужувате најдоброто како наш клиент, така и вашите гости го сакаат најдоброто за нив.

4. Набавете диспензери и антибактериски сапун

Секој од вработените треба да внимава на личната хигиена и хигиената за раце. Сопствената хигиена се одржува со соодветни диспензери и антибактериски сапуни. За оваа цел, Приматекс нуди диспензери кои може да се користат во угостителските и други објекти.

Антибактериските сапуни ги има во форма на дезинфектатни за раце кои се употребуваат во индустријата за производство на храна, во медицински услови, како и сапун за миење на раце со бактерицидни својства што се употребува во кујни.

5. Често проверувајте ги диспензерите дали се надополнети

Следниот чекор од нашите совети за чистење е следниов: откако ќе ги набавите диспензерите треба да внимавате на нивната функционалност. Тоа значи дека треба редовно да се проверува дали се надополнети или не. Доколку не се надополнуваат на време, се зголемува шансата за ризик од ширење на бактерии кои исто така може да се пренесат на храната и да дојде до контаминација.

6. Одржувајте хигиена со професионални средства за чистење

Доколку работите според даден план од страна на професионалци и ги следите нивните совети за чистење, хигиената во вашиот објект ќе биде лесно одржлива и на највисоко ниво. За оваа цел, експертите користат хемиски и еко средства за чистење, во зависност од просторијата, контаминацијата, како и потребата.

Заклучок

Секогаш кога станува збор за хигиена во објекти и за нејзино одржување, треба да се обратите кај професионалци зошто тие знаат најдобро да ја проценат ситуацијата и да делуваат според истата.

Покрај нивниот план, тие делат совети за чистење за понатамошна примена и нудат промоции. За оваа цел, нашиот тим ви стои на располагање.