средства за хигиена во здравствени установи
25/ 10/ 19/

Висококвалитетни средства за хигиена во здравствени установи

Уредноста лесно се препознава. Кај луѓето се познава преку чистата облека и однесувањето, а во објектите се отсликува преку среденоста на просторот. Поинаку кажано, го опфаќа целокупниот надворешен изглед  и нивото на хигиена во здравствените установи.

Хигиената во здравствените  установи треба да се одвива според  усогласена програма. За да се реализира, потребно е да се постават цели за на крај резултатите да бидат мерливи. Оваа реализација се врши со помош на професионалци.

Вистинските професионалци воспоставуваат програми кои вклучуваат ресурси, термини за управување, ресурси и средства итн. Со оваа реализација се подобрува здравствената состојба на околината и на самата организација.

Хигиената во здравствените установи е приоритет број 1

Нискиот хигиенски стандард може да доведе до поголем број на заболувања кои може да се пренесат преку вода, нечисти раце или нечисти уреди. За да се избегне или да се намали проширувањето на болестите, потребни се средства со Pro Formula за дезинфекција, како дел од програмата. 

Нивото на хигиена во здравствените установи се воспоставува и регулира од страна на здравствените работници, како и професионални дистрибутери. За оваа цел, има производи за хигиена кои одговараат на површините и нечистотијата. Се користат средства според просториите, кујните, подовите, алатки за хигиена итн.

Зошто да се користат професионални средства за хигиена

Кога употребувате средства за хигиена во објекти треба да бидете претпазливи и да ги изберете соодветните. Имено, за секоја одредена нечистотија постои посебно изработен продукт. Постојат производи со хемиски состојки и еко производи.

Како професионални средства за хигиена во здравствени установи може да се издвои хартија за професионална употреба и диспензери, продукти за намалување на ирититација на кожата итн.

Ви помагаат да испорачате исклучително ниво на чистота и хигиена

Нивото на хигиена во здравствените установи е олицетворение на услугите кои ги нудите како установа. Всушност, хигиената е исто важна исто како и да го имате најдобриот тим од доктори, медицински сестри, хирурзи итн.

Нечистите простории афектираат секаков вид на бизнис. Со долгогодишно искуство, Приматекс советува дека високото ниво на чистота е важно за угледот на здравствената установа но е повеќе потребно за здравјето и доброто на пациентите, персоналот и посетителите.

Заштита на пациентите

Вашите пациенти може да се заштитат ако одржуваат лична хигиена и хигиена на раце за да не се инфектираат со вирусите што се пренесуваат преку допир. Понатаму, вие можете да ги заштитите со одржување на хигиената во ВЦ просториите, собите и постелнините.

Пациентите исто може да се заштитат доколку вработените интензивно се користат со медицински нараквици и процедури за да се спречи контаминација и пренесување на микроорганизми на пациентите или околината.

Заштита на вашиот персонал

Доколку воведете програма за хигиена, персоналот ќе ја почитува таа програма и ќе се води според истата. Понатаму, ќе ја пренесува на пациентите и посетителите за да се зголеми нивото на хигиена во здравствените установи.

Со прочистување на водата, чистење на просториите, санитација и дезинфекција и контрола на штетници во здравствените установи се одржува здравјето и хигиена во здравството со што се заштитува персоналот како и останатите што се движат низ просториите.

Заштита на посетителите

Со периодично или секојдневно чистење, во зависност од потребата, се намалува ризикот од пренесување на болести. На овој начин, посетителите во здравствените установи ќе бидат заштитени.

За оваа цел, Приматекс користи и најнови технологии кои темелно ги чистат просториите, подовите и објектите во целост. Со тоа, можете да обезбедите листа околина за вас и за другите околу вас.

Заклучок

Поради големиот број на луѓе во здравствените установи, поголема е можноста за пренесување на инфективни заболувања. За да се спречи тоа, потребно е да се почитува и следи програма за хигиена во здравствени установи.

Таквата програма најчесто вклучува соодветни средства за хигиена како и временски услови за реализација на истата. За секакви прашања или потреби, консултирајте се со професионалци за хигиена или дистрибутер на средства.