професионалната контрола на штетници во здравствените установи
29/ 05/ 19/

Важност на професионалната контрола на штетници во здравствените установи

Кога се работи за здравствени објекти, за штетниците нема простор и не треба да постои. Ова е потребно да го знаете доколку сакате да изградите слика на престижна здравствена установа. Како што медицината користи наука, ние пристапуваме со посебна платформа за контрола на штетници во здравствените установи.

Зошто е важна контрола на штетници во здравствените установи?

Здравствените установи се објекти каде хигиената треба постојано да биде одржувана. Секоја од просториите треба да биде детално проверена од можно присуство на секаков вид на штетници. Покрај просториите, прецизната проверка е потребна и за опремата.

Контролата на штетници треба да се изведува од страна на компетентни лица. Затоа нашиот тим од експерти го проучува проблемот и базирано врз неговата комлексност, врши проверка на секои 3 месеци. Доколку е потребно, тимот врши контрола на штетници во здравствени установи и почесто.

Оваа проверка служи како превентива од болести кај персоналот, како и за да се спречи изложување на пациентите на поголем здравствен ризик. Иако во болниците се шират болести, постојат штетници кои се посериозен извор на инфекции и ја загрозуваат околината која всушност треба да биде чиста.

Чиста и безбедна околина за пациенти, посетители и персонал

За успешна контрола на штетници во здравствените установи е потребна стратегија за превенција од нивна појава. Поточно, се употребува посебен протокол и средства кои се спротивставуваат на проблемот и успеваат во третманот на штетници.

Секоја контрола на штетници во здравствените установи треба да биде темелна. Исто така, треба да ги вклучува и кровните простори. Доколку се открие нивното присуство во објектот, треба навремено да се реагира за да се елиминираат.

Професионалната контрола на штетници во здравствените установи е една од експертизите кои Приматекс ги поседува. Со ефикасниот пристап за нивно отстранување, ние употребуваме и посебни објектни средства за контрола на штетници во здравствените установи.

Спречува ширење на зарази и болести

Уредната околина е крајно потребна во здравството, посебно во болниците и просториите на операционите сали и кујните. Доколку се извршува редовна контрола на штетници во здравствени установи, штетите ќе бидат помали.

Покрај лошата слика во присуство на штетниците, тука се вбројува уништување на објектот, а како најголем фактор се болестите што се пренесуваат преку овие вектори и инсекти. Болест која била присутна кај нас е лајмската болест која се пренесува преку вектори.

За да се спречи ширењето на зарази, потребен е посебен третман кој може да вклучува дезинсекција, дератизација итн. Покрај потребните средства и техники, Приматекс користи и најнови технологии за контрола на штетници во здравствените установи. Со помош на таквите мерки, се спречуваат и намалуваат вектор преносливите заболувања.

Кои штетници се пронајдени во здравствени установи?

Пред да се изврши контрола на штетници во здравствените установи, треба да се внимава на количината на нивното присуство. Овој факт е од голема важност на места каде луѓето имаат директен допир со површини и храна.

Најчестите инфекции со кои луѓето се здобиваат во објекти се пренесуваат преку вектори, глодари и цицачи кои се сметаат за ладнокрвни. Климатските промени и влажните места се најчесто влијание врз активноста на штетниците.

Како најголема биолошка опасност за контаминација на храна покрај микроорганизмите, е појавата на штетници како муви, глодари, бубачки итн. За секој вид од нив, ние користиме посебни средства за заштита од инсекти.

1. Глодари

Тоа што треба да знаете за глодарите е дека се извор на голем број човечки болести. Најчесто се појавуваат во потопли зими и пролет и се почести изминативе години поради топлите и променливи временските услови.

2. Прашински грини

Можеби сте запознаени со фактот дека прашината е најголемиот алергенс, но дали знаевте дека се состојат од 80% влага? За нивно уништување се потребни третмани кои ја сушат таа вода и ќе ви овозможат чиста средина.

3. Лебарки

Лебарките живеат во мали и темни места. Затоа и ги има на толкав број во болниците. Така на пример, малите пукнатини се нивниот влез и место за размножување. Затоа Приматекс користи производи кои помагаат во нивно искоренување.

4. Комарци

Најголемо влијание врз комарците се климатските промени. За да се намали нивното присуство потребни се ефикасни инсектициди.

5. Mуви

Кога се работи за мувите, постојат разни спрејови кои резултираат во нивно искоренување. Но треба да се внимава затоа што се состојат од хемикалии. Може не ги сметате за проблем но, нивно искоренување е можно само со професионална контрола на штетници.

6. Мравки

Иако не се сметаат за извор на болести, мравките многу често знаат да бидат наметливи. Нивното присуство не е заразно меѓутоа се несакани гости кои може да се остранат само со одредени видови инсектициди.

Совети како да се контролираат штетниците во медицинските установи 

Велат, за секој проблем постои решение. Штетниците можеби се ваш проблем, но за нас и нашиот тим се предизвик кој секогаш го освојуваме. За оваа цел, спроведуваме соодветни постапки кои завршуваат во квалитет и успех за вашите објекти.

Така на пример, за квалитетна заштита и контрола на штетници во здравствените установи спроведуваме хигиенска пракса која вклучува комунална хигиена за заштита од контаминација. За да се ослободите од штетниците потребни се третмани за одржување на хигиена. Таму каде што постои опасност од штетници, постои нашата моќ за контрола и нивно уништување. Со нас сте на сигурно.