Убоди од комарци - совети како да се заштитите!
31/ 07/ 19/

Убоди од комарци – 4 практични совети како да се заштитите!

Присуството на комарци се јавува во летниот период. Нив ги има во отворени и затворени простори, а најчести се во вечерните часови.

Уште во изминатите години експертите докажале дека се штетни за луѓето затоа што предизвикуваат болести. Поради тоа секоја сезона користиме средства против убоди од комарци но не сите се докажуваат како ефикасни.

За таа цел, ви подготвивме 4 практични начини како да се ослободите од убоди од комарци:

1. Заштитете ги прозорците и вратите со заштитни мрежи

Доколку локалната самоуправа не превземе мерки за заштита од инсекти, од ваша страна, потребна е превенција од убоди од комарци. Еден начин тоа да го направите е со користење на заштитни мрежи.

Мрежите за заштита од комарци се различни, ги има за прозорци, за кревети, некои од нив се со инсектициди, а други не се.

Ако просторот каде што престојувате не е доволно заштитен, препорачуваме мрежи за кревети, третирани со инсектицид, кои штитат од убоди од комарци и други инсекти, а исто така и ги уништуваат.

За долготрајност на мрежите и ефикасност на инсектицидите, трудете се да не ги изложувате на сончева светлина и избегнувајте нивно перење.

2. Користете инсектициди кои се сертифицирани

Центарот за јавно здравје препорачува превентива од убоди од комарци токму поради штетата што може да ја предизвикаат кај луѓето.

Колку и да го почитуваат нивниот совет, луѓето не секогаш избираат квалитетни инсектициди и тоа е најчесто поради неинформираност. Како професионален генерален дистрибутер, препорачуваме сертифицирани инсектициди.

Инсектицидите најчесто содржат хемиски својства кои може да бидат штетни за луѓето, затоа пред секоја употреба, советувајте се со генерален дистрибутер.

3. Користете инсектициди  за кои е докажано дека се безбедни и ефикасни!

Производите за комунална хигиена треба да бидат штетни за инсектите, но доволно безбедни за вас за да ги употребувате. За оваа цел, високо-концентрираните инсектициди се докажани како поефикасни и со подолготрајна заштита.

За да го сочувате вашето здравје, препорачуваме еко производи или инсектициди кои се најмалку штетни за луѓето, а се доволно ефикасни против убоди од комарци. Нив можете да ги најдете во вид на течност и се употребуваат во затворени простори и се вметнуваат во електричен апарат.

4. Внимателно прочитајте го упатството за употреба

Упатството на средствата е важно поради нивната различна намена.  Така на пример, репеленти на бебиња помали од 2 месеци не треба се користат.

Ако нанесувате репелент на деца, може да предизвика иритација на кожата. За да избегнете секакви несакани дејства, најпрво прочитајте го упатството според кое треба да го користете инсектицидот.

Покрај тоа, времетраењето и јачината за заштита од убоди на комарци на инсектиците се движат според упатството. Исто така, постојат инсектициди со Permethrin  кои не се нанесуваат директно на кожа.

Заклучок

Доколку не можете сами да се справите со убоди од комарци, најдобро е да се консултирате со експерти кои ќе ви помогнат да изберете инсектицид за соодветна примена.

Можеби за вас инсектите се проблем, но за нас се предизвик кој го победуваме. Од првиот ден развиваме нови методи и се користиме со современи средства и технологии за да пристапиме на секој проблем со ефикасно решение.