Средства за чистење
25/ 04/ 19/

Како дел од успехот на угостителските објекти зависи и од хигиената

Професионализмот отсекогаш се сметал за приоритет во еден бизнис, тој е клучот на успехот. Кога имате своја компанија, потребно е да ги погледнете сопствените услугите од друг аспект т.е како изгледаат во други очи. Сепак, услугите на угостителскиот објект се оние според кои вашите вработени и гости го етикетираат вашиот бизнис.

Народски кажано “Првиот впечаток е последен впечаток”.

Професионални средства за хигиена

Иако станува збор за големина од милиметар, микроорганизмите се тие кои најбрзо се шират и прераснуваат во голем проблем. Испитувањата покажуваат дека најчесто живеат во храната кои подоцна предизвикуваат разни цревни заболувања. Според ова, потребни се средствата за хигиена кои се ефикасни и ќе оневозможат размножување на микроорганизмите.

Несоодветните простории и лошите навики на вработените може да придонесат за лоша хигиена. Оваа нехигиена може подоцна да се пренесе преку површините, воздухот, лошо складираната храна, како и со недоволно припремена храна . Исто така постојат и истражувања кои го докажале ова. Тие потврдуваат дека над 74% од вработените ги пренесуваат контаминатите од работната средина и во домашни услови.

Во овој случај, микроорганизмите може да бидат најголемите причинители за непланиран неуспех на вашиот угостителски објект. Покрај тоа, предизвикуваат и извори на зараза чие исфрлање може да трае и до три месеци. Секако, за да се спречи овој процес, прво треба да се избегне. Со години наназад нудиме професионални средства, опрема и машини за хигиена.

Средствата за хигиена кои истовремено чистат и дезинфицираат

Ниското ниво на хигиена може да креира многу лош прв впечаток за вашата компанија. Започнувајќи од вашите први гости, вашите вработени, како и вашите добавувачи нема да ве сметаат за сериозни доколку добијат лош прв впечаток за вашите простории, кујна, соба, канцеларии итн. Со тоа вашиот бизнис ќе се соочи со несакан, лош публицитет кој може да предизвика можно затворање на бизнисот. Постојат повеќе производи со кои ефикасно може да се заштитите Вие, Вашите вработени, како и Вашиот бизнис.

Гарантираат 100% заштита на работните површини и работна средина

За една работна средина да изгледа и да биде професионална и се потребни средствата за хигиена кои ќе придонесат во тоа. Задоволството на вашите гости и вработени, зависи од нивото на хигиена во средината, како и во вашите производи. Всушност, вработените во една компанија не можат да ја вршат својата должност успешно се додека средината во која работат не им го дозволува тоа.

Креирањето на чиста и здрава средина претставува и грижа за здравјето на вашите вработени. Доколку не внимавате во одржување на објектот за производство на храна, несоодветната работна средина може да предизвика извор на бактерии.

Обезбедуваат поголема безбедност на храната и задоволни и лојални гости

За еден бизнис дека е успешен можеме да кажеме според оценувањето на нивните услуги и производи од страна на гостите. Знаеме дека “лошиот збор брзо се шири” затоа треба да внимавате на угледот на вашата компанија. Кога менаџирате угостителски објект, не се доволни само квалитетот и беспрекорниот вкус на храната како адут за успешен бизнис. Тука како ефикасни се вбројуваат и средствата за хигиена кои една компанија ги користи.

Доколку се стремите кон креирање на успешен бизнис и задоволни гости, потребно е да обратите поголемо внимание на безбедноста на храната и површините, како и личната хигиена на вработените. Притоа, треба да се инвестира во чиста и хигиенска средина со помош на средствата за хигиена како превентива.