Професионална хигиена во хотелски соби
14/ 10/ 19/

Професионална хигиена во хотелски соби – првиот впечаток е битен!

Со првата посета на вашиот хотел, гостите создаваат нивен прв впечаток. Како сопственици или менаџери на хотели, треба да бидете запознаени со правилата за успех – опстанок, квалитет и конкурентност.

Вашите услуги ја градат вредноста на вашиот хотел. Затоа, непрестајно треба да се прашувате, што можете да измените и да подобритe, и дали ви е потребна професионална хигиена во хотелски соби.

За оваа цел, дознајте како да оставите позитивен прв впечаток!

Секој детал е битен

Според Ентони Мелкиори, креатор на телевизиското шоу “Невозможна мисија: Хотели” постојат три клучни термини кои го прават хотелот одличен за престој:

  • Хотелот е дом
  • Хигиена
  • Сигурност и безбедност

Сопствениците на хотелите треба да разберат дека хотелот е нечиј дом на одреден период. Во хотелските соби, туристите го прават истото што го прават и дома: спијат, се одмараат, читаат, јадат итн.

Хотелските соби треба да изгледаат како никој дотогаш да не престојувал – треба да бидат беспрекорно чисти и пријатни. Еден начин за да се оствари тоа е со професионална хигиена во хотелски соби.

Третиот термин се однесува на сигурноста и безбедноста, која делумно ја вклучува и заштитата од инцектициди и родентициди. Посетителите треба да се чувствуваат безбедно и комфорно за време на престојот.

Покажете грижа за вашиот објект со професионални средства за хигиена

Секој хотел е различен и се води според различни принципи, мисија и визија, и се стреми кон различна цел. Но, како сопственици треба да знаете дека одржувањето на професионална хигиена во хотелските соби е од голема важност.

За да напредувате, потребна ви е беспрекорна хигиена во угостителски објекти. Што постигнувате со професионални средства за хотелски соби?

  • Темелно чистење
  • Здрава и безбедна околина
  • Високо ниво на хигиена
  • Изгледот креира импресија
  • Задоволни клиенти

100% чиста хотелска соба значи 100% грижа за гостите

Чистењето треба да биде поткрепено со производи за дезинфекција и дератизација, за да се изврши комплетен третман на професионална хигиена во хотелски соби. Исто така треба да внимавате и на времето на сместување.

Доколку новите гости се вселуваат за кратко време, а треба веднаш да се чисти од претходните, препорачливо е да користите еко производи за чистење, за нивно подобро здравје. За разлика од некои средства, кои содржат хемиски соединенија, еко производите се изработени од природни растенија и не се штетни за околината.

Производите за хигиена во хотелски објекти имаат поголема ефикасност и трајност

Како професионалци, можеме да ве советуваме во следново: секогаш кога се двоумите за некакво решение за професионална хигиена во угостителски објекти, консултирајте се со дистрибутер. Од самиот почеток се надоградуваме и се снабдуваме со ефикасни средства за хигиена во хотелски соби.

Тоа го знаеме затоа што се грижиме за нашите клиенти и им нудиме соодветни услуги. Вие можете да се потпрете на нашите производи и трајните хигиенски решенија затоа што нашиот тим секогаш го вложува максимумот.

Задоволните гости се слика за успешен бизнис

Со првиот впечаток, гостите создаваат слика, мислење и перцепција за вашата професионална хигиена во хотелските соби, а вие одлучувате дали ќе бидат позитивни или негативни. Доколку не пронаоѓате иновативни решенија, може да создадете низа од незадоволни клиенти, кои нема да издвојат време за повторно да се вратат во иднина, а тоа може да го доведе вашиот хотел до банкрот.

Заклучок

Хотелиерството е дејност која влијае врз човекот. Со тоа што обезбедувате професионална хигиена во хотелски соби и се грижите за вашиот хотел, покажувате дека се грижите и за вашите посетители, клиенти и вработени. За оваа цел, потребно е чистење на собите и просториите за лична хигиена на гостите. И секако, доколку имате прашања, ние ви стоиме на располагање.