Индустрија за пијалоци
25/ 07/ 19/

Индустрија за пијалоци – Како дo продолжен животен век на опремата?

Маркетинг експертите докажале дека производот е тој што ја гради репутацијата во секоја индустрија за пијалоци затоа што и најмалата грешка може да има големо влијание врз приходот.

Секоја индустрија се состои од повеќе прописи и стандарди за квалитет. Користење на квалитетна опрема е само дел од производството, потребно е многу повеќе за да се зачува брендот.

Потребна е голема грижа и експертиза

Кога се работи за големи простории, менаџерите во секоја индустрија за пијалоци и храна се упатуваат кај фирми кои нудат решенија за хигиена на таквите површини. Но, дали секогаш фирмите нудат ефикасни решенија?

За да го постигнете замислениот резултатот во индустрија за пијалоци, потребна ви е професионална помош, поточно, упатување кај дистрибутери кои знаат како да пристапат на проблемот и да го решат истиот.

Поинаку кажано, потребна е експертиза и услуги кои ќе ви помогнат во следново:

  • Проценка на ситуација и инспекција
  • Изработка на план и програма
  • Примена на соодветно решение
  • Контроли
  • Дополнителен надзор

Користете професионални средства за хигиена со контролиран квалитет

Горенаведените стратегии се дел од програмите дизајнирани за да ја зголемат ефикасноста на  вашата опрема, како и интегритетот на вашиот бренд.

Според Законот за бедбедност на храната, опремата што се користи во производствените индустрии треба да се одржува според програма за чистење со соодветни средства за хигиена.

Кога се користат средства за хигиена во индустрија за пијалоци, треба да се внимава на следново:

  • составот на средството
  • материјалот на опремата
  • влијанието на средството врз производот кој се преработува

Средства кои имаат исклучителни резултати на чистење

За да биде успешен еден професионален план за одржување на индустрија за пијалоци, потребни се соодветни средства затоа што на работните површини се собира нечистотија.

Можно е присуство на кондензација, микроорганизми, или присуство на инсекти. Според ова, средствата треба да бидат доволно ефикасни за да ја исчистат целата нечистотија, да ги заштитат вработените, и клиентите кои ќе ги конзумираат производите.

Исто така, средствата се со различна намена – средствата за хигиена се со различен состав од средствата за заштита од инсекти и некои од нив може да бидат штетни за околината.

Во овој случај, најдобро е да се консултирате со генерален дистрибутер, кој ќе ви помогне да го изберете соодветното средство за чистење на затворени системи или чистење на отворена фабрика.

Специјални средства кои не ја нагризуваат вашата опрема за производство

Како што зборувавме претходно, хигиената е дел од успехот и репутацијата на една фабрика во индустрија за пијалоци. Со почитување на стандардите за одржување и хигиена се намалуваат ризиците за уништување на опремата.

Средствата за хигиена во индустрија за пијалоци не треба да ги оштетува работните површини и да предизвика ронење на бојата на опремата, појава на рѓа, или други несакани дејства.

За оваа цел, како професионален дистрибутер, препорачуваме средства за чистење на работилници за храна кои не ја оштетуваат опремата и не влијаат врз производството на пијалоци.

Во вакви случаеви, се користи пена или детергент за чистење на површини, кои во зависност од нивниот состав, јачина и времетраење, се употребуваат периодично или редовно.

Имаат зголемена оперативна ефикасност

Секоја опрема или површина со кои вработените имаат директен контакт, треба да се чисти навремено и според план.

Ова е важно за да се избегнат дополнителни трошоци (поправка, замена со нова), или казни според Законот за безбедност на производите.

Исто така, опремата се чисти во зависност од типот на пијалоци и храна што се произведуваат. На пример, доколку работите со млечни или други производи што содржат маст и масло, работните површини прво се чистат со средства за обезмастување, а потоа со средство за дезинфекција.

За оваа цел, ви е потребно добро познавање на комуналната хигиена и средствата, или пак, барање помош од генерален дистрибутер.

Покрај вашата опрема треба да ја заштитуваат околината и вработените

Кога станува збор за хигиена во индустрија за пијалоци, се користат средства кои темелно или периодично ги чистат површините.

Најчесто, тоа се врши според типот на опремата, просторијата, и секако проблемот, затоа што се употребуваат дезинфекциони средства со различен хемиски состав.

Како да препознаете соодветно средство за чистење?

  • Не е отровно за луѓето и околината
  • Бактерицидно дејство
  • Не ги оштетува предметите
  • Нема непријатен мирис

Онаму каде луѓето имаат директен контакт со површините кои треба се чистат и дезинфицираат, препорачуваме еко производи кои се ефикасни, не штетат на здравјето на луѓето, и имаат пријатен мирис.

Заклучок

Кога станува збор за производствени индустрии, во овој случај, индустрија за пијалоци, потребно е да се работи според план.

Исто така, не заборавајте да се консултирате со генерален дистрибутер, нашиот тим со задоволство ќе ви помогне.