хигиена во угостителските објекти
26/ 08/ 19/

Беспрекорна хигиена во угостителските објекти!

Главните сегменти на угостителските објекти се: храна и пијалаци, туризам, сместување и рекреација, и имаат една заедничка и клучна карактеристика – хигиената.

Како што наведовме претходно, дел од успехот на угостителските објекти зависи од хигиената, а тоа го потрврдуваат и експертите за хигиена во ваквите објекти.

Вашите гости го заслужуваат најдоброто

Сигурно сте посетиле угостителски објект барем еднаш во животот. Првата посета е всушност вашиот прв впечаток за нивната услуга, храната и хигиена во угостителските објекти, и е пресудна за вашето повторно присуство.

Постарите велат: “Лошиот збор брзо се шири, но убавиот збор железни порти отвара”. Оваа изрека би требало да биде мото на секој бизнис затоа што гласот на гостите треба да биде слушнат.

Тоа ви дава простор за напредок и градење на професионални услуги зошто успехот на вашиот објект зависи од искуството на еден клиент. Извонредната услуга гради спомени и емоции кај гостите, и со тоа ги привлекува да се вратат повторно.

Темелно чиста кујнска опрема и прибор

Според Ентони Мелкиори, експерт за градење на угостителски објекти со пет ѕвезди, хигиената е еден од битните фактори во угостителството затоа што ја претвора вашата услуга од просечна, во одлична. Ако хигиената е важна за вашите гости, таа е важна за вас како наши клиенти и да ви помогнеме да го остварите замисленото.

Од првиот ден, се трудиме да бидеме чекор напред во комуналната хигиена со технологија и стратегии за поефикасно чистење. За таа цел, ви ја претставуваме Diversey Care линијата, уште наречена Optimax, која е збир од ефикасни средства за чистење и одржување на кујна.

Брзо и ефикасно отстранување на нечистотии и маснотии

Вие го познавате бизнисот во угостителството,  а ние ја познаваме хигиената во индустријата за храна и пијалоци. Со години наназад, се трудиме да изградиме добар углед кај нашите клиенти и најчесто успеваме со добра услуга и професионална контрола.

Професионалната хигиена во угостителските објекти, ја намалува шансата за вие, вашите вработени и гости да се здобиете со бактерии. Исто така, колку повеќе вложувате во ефикасни средства за чистење, толку помали ќе ви бидат дополнителните трошоци.

Долготрајност на вашата опрема со професионални средства за чистење

Имено, опремата е важна за извршување на дневните активности, а нејзината функционалност е добра за вашата финансиска состојба. Одржувајќи хигиена во угостителските објекти, воедно ги одржувате и следниве битни фактори:

  • Долготрајност на опремата
  • Позитивни коментари кај гостите

Како да го продолжите животниот век на опремата? На опремата се собира доста нечистотија која треба да се одржува редовно, а како најчести се прашинските грини кои се скоро невидливи за човечкото око.

За да ја сочувате нејзината состојба, се користат посебни средства за чистење во работилници за храна. Со тоа, не само што го зголемувате нивото на хигиена во угостителските објекти, туку и ќе го сочувате вашиот углед.

Со ЕКО средствата за чистење до 100% чиста и ЕКО средина

За да се заштитите вие, вашите вработени и гостите, потребно е чистење со еко средства. Еко производите имаат доста пријатен мирис и не се воопшто штетни за вас и за околината, затоа што најчесто се направени од зелени растенија.

Овие производи, покрај тоа што се добри за луѓето и околината, се добри и за опремата затоа што не ја нагризуваат и не ги оштетуваат површините.

Сепак, нашиот совет е да се консултирате со генерален дистрибутер пред секое купување на производи за чистење за побезбедна хигиена во угостителските објекти.  Накратко, со еко производите сте поблиску до подобро здравје.

Заклучок

Кога станува збор за хигиена во угостителските објекти, потребно е повеќе од вашата професионалност во овој бизнис. Дополнително, потребна е експертиза за хигиена која ќе ви помогне да го унапредите вашиот бизнис.