Квалитет

Политика за квалитет и животна средина

Управителот ја утврдува Политика за квалитет и Политика за заштита на животна средина во сооднос со Визијата и Мисијата на Друштвото. Со Политиката за квалитет и животна средина, е искажан односот на ПРИМАТЕКС према:

  • Поставените цели на системите за квалитет и животна средина преку едукација на вработените и следење на нови технологии,
  • Купувачи/ корисници,
  • Вработени,
  • Сопствениците,
  • Добавувачите,
  • Заедницата

Управителот со Менаџерот за квалитет ги запознава вработените со Политиката за квалитет и Политика за заштита на животна средина. Секој вработен има обврска да извршува активности во насока на остварување на Политиката за квалитет и Животна средина. Политиката за квалитет и Животна средина еднаш годишно се преиспитува врз база на добиените резултати и/или евентуалните измени во работењето.

Управителот на ПРИМАТЕКС ја утврдува следнава Политика за квалитет и Животна средина:

  • Со користење на најсовремени технички решенија ги исполнуваме севкупните барања на корисникот.
  • Тимска работа со постојана едукација е приоритет на сите вработени.
  • Наши партнери се врвни светски производители во различити сегменти од областа на комунална и општа хигиена
  • Ние со професионален однос кон работата придонесуваме во афирмација на целокупната Приматекс групација
  • Постојана грижа према обврските кон заедницата и запазување на животната средина.
  • Управувањето со ризици претставува клучен интегрален дел во корпоративното работење и операциите како и развивање на стратегии за намалување на ризиците како составен дел од интегрираниот систем за управување со квалитет и заштита на животната средина.

 

„ПРИМАТЕКС“                                                                                                  Управител

Скопје,28.11.2016                                                                                     Борјан Тошевски

 

certificate1

certificate2