Услуги

Никој не ги познава штетниците како ние….Тие се дел од решенијата на нашата компанија повеќеод 20 години…Бидете сигурни…

Почитувани,

Заштитата на Вашата репутација е критична за Вашиот успех. Повеќе од 20 години сме дел од заштитата од штетници во Вашите домови, производства, градови и општини ширум нашата држава. Бубашваби, глувци и стаорци, муви, комарци, и други штетници се  дел од Вашите проблеми.

Денеска во борбата со штетниците повеќе од било кога е потребно не само  утврдување на штетникот и негово уништување, туку многу повеќе. Потребна е експертиза.

Со години наназад нашата компанија изгради тим на експерти кои секојдневно се лучени во нашата експертиза соочувајќи се со различни проблеми од страна на нашите многу бројни корисници. Оваа наша експертиза ја препознаа значаен број на клиенти од најразлични профили како на пример болници, хотели, разни видови на производства за храна и пијалоци, училишта/градинки, општини и градови.

Вашето задоволство е наша цел.

Ние сме Ваш партнер за контрола и елиминирање, но не само тоа. Ние Ви помагаме да го идентифицираме проблемот и ризикот пред тој да се случи. Со нашата компанија Вие можете да бидете сигурни и заштитени од непријатниот ризик за појава на штетници. 

Ние не сме задоволни, се додека и Вие не сте задоволни со нашите услуги…За чиста и поздрава околина…

НАЈДОБРА ПРОФЕСИОНАЛНА КОНТРОЛА НА ШТЕТНИЦИ

Штетници! Тие се постојана закана за вашиот бизнис. Тие ја уништуваат и контаминираат храната, шират опасни болести што се пренесуваат преку храна и патуваат со пратките од вашите снабдувачи до вашето место на работа.

И откако ќе нападнат, последиците може да бидат уништувачки. Вие се соочувате со ризик од судски тужби, можно затворање на бизнисот или негативен публицитет. Како ќе се борите со заканата? Како ќе го заштитите вашиот бизнис? Уште од 1994 година, Приматекс им помага на компаниите при контролата на штетниците користејќи најнови технологии и најдобро обучени професионалци.

Денес, Приматекс ја има довербата од голем број компании од разни индустрии.

Вие може да верувате дека Приматекс ќе ви обезбеди висок квалитет, постојана услуга и гарантиран квалитет. Ќе го примениме долгогодишното искуство за решавање на кој ило проблем со штетниците. Доверете ја контролата на штетниците на најдобрите и придружете се на бројните компании што го направија истиот избор.

ПРИМАТЕКС се гордее што на своите клиенти им ги oбезбедува најиновативните, најсоодветните и наjквалитетните услуги, обезбедувајќи вистинско решение за контрола на штетниците.

Page-4-Image-4 Page-4-Image-2 Page-4-Image-3

 

Успешното партнерство со ПРИМАТЕКС започнува со разбирањето на потребите на клиентите и развивање на прилагодено решение за секој клиент посебно.

НАЈДОБРА ПРОФЕСИОНАЛНА КОНТРОЛА НА ШТЕТНИЦИ

Page-5-Image-5

ПРИМАТЕКС ви нуди решенија за контрола на штетниците за индустрискиот, земјоделскиот, трговскиот и домашниот сектор. Ние употребуваме разни техники користејќи ги најновите производи за заштита на вашето здравје, храна и имот на најефикасен и еколошки одговорен начин. Целосно сме посветени на задоволството на клиентите и горди на нивото на нашите услуги, и затоа бидете сигурни дека имаме решение за вашиот проблем. Нашите техничари се високо квалификувани и обучени со највисоки професионални стандарди, овозможувајќи ви спокојство и доверба, знаејќи дека вашиот бизнис или дом се заштитени.

Штетниците постојано се трудат да го окупираат вашиот простор

1. Дури и сосема мали санитарни пропусти може да обезбедат доволно храна за штетниците. Лебарките јадат скоро сè – од влакна до лепакот употребен за затворање на картонските кутии.

2. Глодарите и лебарките бараат места за живеење што се мали и темни. Мали пукнатини и отвори во вашиот објект може да обезбедат место за живеење и размножување за штетниците.

3. Штетниците може да влезат во вашиот простор за работа на разни начини, вклучувајќи врати, прозорци, вентилација, цевки, пукнатини или дупки во ѕидовите и подовите или преку достава од снабдувачите.

4. На штетниците секоjдневно им е потребна вода – фонтани, купатила, неправилни истеци, кондензација во системот за вентилација и други видови цевководи кои се и атрактивни места за размножување.

5. Просторите за одмор се критични места на изложеност. Заштитата на вашите клиенти и вработени од непријатната и нездравата изложеност на штетници е многу важна за вашиот бизнис — и за вашиот успех.

Page-7-Image-6       Page-7-Image-7      Page-7-Image-8

Зона на изложеност 1        Зона на изложеност 2        Зона на изложеност 3

- Извори храна                      - Места за криење                   - Места за влез

Page-7-Image-9     Page-7-Image-10

Зона на изложеност 4      Зона на изложеност 5

- Достапност на вода          - Простории за клиенти/вработени

 

ДЕЗИНФЕКЦИЈАТА е примарниот механизам за деактивација/уништување на микроорганизмите.
Механички мерки – механичко отстранување на микроорганизмите од работните површини, предмети и простории за работа, односно подготовка на просторот за другите мерки на дезинфекција.
Физички мерки – се спроведуваат со користење на сува или влажна топлина.
Хемиски мерки – со употреба на хемиски средства – дезинфектанти.

Фокусирани на потребите на клиентите обезбедуваме одлични услуги уште од 1994 година

Page-8-Image-11

 

ДЕЗИНСЕКЦИЈАТА е збир на мерки за што е можно поголемо намалување на популацијата на штетните инсекти.

Механички мерки – чистење, навремено отстранување на отпадот и останатиот погоден материјал за размножување на инсекти, вградување препреки, употреба на мамци и сл.

Биолошки мерки – употреба на природни непријатели на инстектите – предатори или употреба на патогени микроорганизми кои делуваат селективно на целните видови штетни инсекти.

Хемиски мерки – употреба на хемиски средства со цел намалување на бројот на штетните инсекти, успорување на нивниот раст или нивно целосно уништување.

ДЕРАТИЗАЦИЈА е збир на различни мерки со цел намалување на популацијата на глодарите под нивото на штетност, спречување на нивното размножување или потполно уништување.

Механички мерки – навремено отстранување на отпадот и останати материјали погодни за нивно размножување, отстранување на нивните легла, поставување мрежи, стапици и лепливи траки со или без атрактанти.

Хемиски мерки – употреба на хемиски средства (родантицидни мамци) со цел намалување на популацијата на глодари или нивно целосно уништување

Физички мерки – употреба на ултразвук кој го спречува нивното влегување или задржување во објектите.

Page-9-Image-14       Page-9-Image-13

 

Нашиот пристап кон интегрираната контрола на штетниците е тековен циклус од три клучни активности

ПРОЦЕНКА НА СИТУАЦИЈАТА

Детална инспекција за да се откријат санитарните проблеми или структурните состојби поврзани со појавата на штетниците.
Идентификација на штетниците базирано на присутните докази за нивна активност.

ПРИМЕНА НА СООДВЕТНО РЕШЕНИЕ

Базирано на инспекцијата и по проценката на ситуацијата, нашите стручни лица, во соработка со вас ќе развијат прилагодена програма што одговара на посебните потреби за вашиот објект.

  • Пред сè превенција – ќе започнеме со отстранување на ризикот, чистење и други не-хемиски постапки.
  • Еколошки пристап – кога е потребен третман со одреден производ, Приматекс ќе избере формулација што ќе ја примени со најмало можно влијание врз околината.

Ефикасната контрола на штетниците е процес, не еднократен настан.

Page-10-Image-15

 

  • Санитарни консултации – кога е потребно, консултирајте се со нашите стручњаци за да се осигурате дека вашето чистење навистина има влијание врз потенцијалните места погодни за штетниците.

МОНИТОРИНГ, ДОКУМЕНТАЦИЈА И КОМУНИКАЦИЈА

Изработка на план и програма – Се изработува план на објектите со обележување на мамечките места и врз база на тој план се прави мониторинг, односно се проверуваат мамечките места во текот на целата година.

Мониторинг – За време на редовните контроли, нашите специјалисти ќе проверат дали има знаци од активност на штетници, ќе проверат дали има елементи што би привлекле штетници и ќе ја проверат ефикасноста на вашата програма.

Документација и комуникација – По секоја извршена услуга, нашиот специјалист ќе ви достави писмен извештај за сите направени услуги, за евентуалната појава на штетници, акционен план за решавање на состојбата со сите технички и хигиенски препораки.

ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА ПРИМАТЕКС

Еден од најважните елементи на нашата програма за контрола на штетници
е широко опфатната документација. Ние ги документираме сите услуги
што ги обезбедува Приматекс. Добивате сертификати за сите употребени препарати,
комплетни извештаи за извршените третмани и контроли.

Приматекс е единствената ДДД служба со ISO 9001:2015 и ISO 14001 : 2015 сертификат во Македонија.

Приматекс е единствената меѓународно призната компанија од оваа област кај нас,
односно членка на меѓународната организација CEPA.

Вие сте целосно заштитени и осигурени од евентуална штета произлезена од нашата работа, односно доколку некој наш вработен направи штета во објектите каде се работи, осигурувањето ја покрива истата.

Контрола на штетници според HACCP системот

Според HACCP системот, стратегијата за контрола на штетници мора да биде
насочена кон превенција на појавата на штетниците што се постигнува со континуирано
следење на нивната појава и уништување уште во почетен стадиум.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ НА ПРИМАТЕКС

Покрај заштитата од штетници, Приматекс во својата платформа на производи, Ви овозможува и професионални производи за хигиена од програмата на најголемиот светски производител Deversey, која опфаќа широк спектар на апликации со што во целост се покрива високо ниво на хигиена на раце и тело, хигиена на подови, теписи и површини, хигиена во кујна, детергенти за професионални перални, машини за чистење, комплетна хигиена во индустријата за храна и пијалоци, како и алатки за чистење, разна опрема за дозирање и апликација.

Page-13-Image-21       Page-13-Image-22       Page-13-Image-23

 

Во овој сегмент комплетно го покриваме Вашето барање за повисоко ниво на хигиена со обука на Вашиот персонал за оптимална хигиена на високо ниво.

Приматекс го има решението за вашиот проблем

Работејќи со нас вие добивате:

  • Задоволство
  • Помош во бизнисот
  • Методолошки пристап
  • Квалитетна услуга
  • Доверба
  • Европски стандарди

1. Задоволството на клиентите е од најголема важност за нас.

2. Се трудиме да им помогнеме на нашите клиенти и во други области, заради нашите обемни контакти со специјалисти во разни индустрии, како во земјата, така и во странство.

3. Нашиот пристап кон проблемите што ги решаваме е методолошки, според правилата за квалитет на нашата компанија.

4. Ние гарантираме највисок степен на квалитетна услуга, со вклучување професионалци и искусни експерти кои се во тесна соработка со нашето раководство.

5. Повеќе од 100 компании ни ја дадоа довербата и соработуваат со нас на полето за контрола на штетниците.

6. Работиме според европски признатите норми и системи за квалитет: HACCP, BRC и GMP, базирано на почитување на природната околина.