Новости

Primatex-logo
25/ 07/ 14/

Приматекс во нови простории…Нов сопствен деловен и магацински простор…

Почитувани,

Имаме чест да Ве информираме дека нашата компанија од 01.05.2014 се пресели во новите сопствени канцеларии кои се наоѓаат на Булевар Александар Македонски бр. 46А, веднаш после бензиската станица  Макпетрол – Индустриска, Маџари на излез од Скопје.

Новите канцеларии имаат комплетен нов идентитет, кој се вклопува во новата слика за нашата компанија. Новиот мебел, кујните, катчето за забава, собата за презентација и обука овозможуваат на сите вработени во Приматекс комоција и задоволство во секојдневното работење и престој на работното место.

За сите наши потрошувачи, клиенти и партнери, просториите се отворени секој работен ден од 08 – 16 часот. Повелете посетете не…

Добродојдовте….