Заштита од инсекти

10

Средство против молци 30gr

Опис:

Биоциден производ против молци во облик на плочки за закачување

Биоцидниот производ е инсектицид против молци импрегниран во плочки.
Плочките се вадат од заштитната фолија и се местат со помош на пластичниот држач во плакар, фиока или гардеробер. За оптимален ефект, по поставувањето на плочките, држете ја фиоката, плакарот или гардероберот затворени 24 часа. Во спротивно дејстовото на производот може да се намали заради проветрувањето.
За поголеми гардеробери (двокрилни) треба да се постават повеќе (2-3) плочки против молци. Потребна е замена на плочките на секои 6 месеци.
По отворањето на заштитната фолија, веднаш употребете го производот.

Не ја отворајте пластичната опаковка. Внимавајте внатрешноста од пластичната опаковка да не дојде во допир со кожа. По контакт и употреба на производот, исперете ги рацете. Производот чувајте го во оригинална амбалажа на ладно место, подалеку од извори на топлина и пламен.
Не ја фрлајте празната амбалажа ниту производ во животната околина, канализација, водни текови, земни или подземни води.



Шифра: 000127