Заштита од инсекти

6

Инсектицид против лазечки инсекти 400ml (течност во спреј)

Опис:

Биоциден производ против мравки и бубашваби

Биоцидниот производ е течност во спреј и се нанесува со распрскување на саканата површина. Производот делува како пиретроиден инсектицид со моментен ефект на лазечките инсекти. 300-400мл од производот е доволен за целосно прскање на површина од 25м2. За просечно третирање на површина од 5м2 потребно е непрекинато прскање од 5-6 секунди .

Пред употреба промучкајте го производот. Најдобро е да се прскаат местата каде што е можна манифестацијата на мравки и бубашваби а тоа се: пукнатини во ѕидови и подови, околу умивалници, агли на ѕидови слично.
По употребата на биоцидниот инсектицид не престојувајте во близина на третираната површина 10-15 минути.
По третирањето проветрете ја просторијата 30 минути. На третираната површина, инсектицидното дејство се задржува 2-3 недели. Ако третираната површина се избрише или исчисти, производот губи дејство. Во тој случај треба да се повтори третманот. Производот не се употребува во близина на деца, храна, пијалок и храна за животни. По употреба на производот исперете ги рацете со сапун и вода.



Шифра: 000122