Инсектициди

Biopren-50-Liquid-Mosquito-larvicide

Biopren 50 Liquid Mosquito larvicide

Опис:

Течен инсектицид за ларвициден третман против комарци

Активна материја: s-methopren

BIOPREN 50 Liquid Mosquito larvicide со својата активна супстанца (S) – methopren која претставува регулатор на растењето на инсектите во водата каде се наоѓа нивниот развоен циклус, се употребува за спречување на раст на возрасни комарци од родовите Aedes, Anopheles, Culex и Ocheratatus spp. во третирани површини.
( S ) – methopren нема ефект на комарци кои ја достигнале фазата на кукла или возрасен комарец пред изведување на третманот. Во третираните површини ларвите успеваат да се развијат до фаза на кукла при што е невозможно да се развијат во возрасни комарци.

BIOPREN 50 Liquid Mosquito larvicide може да биде ефикасен во сите стадиуми на развој, но сепак третиот и четвртиот стадиум на ларвите се повеќе подложни на ефектот на ( S ) – methopren отколку раните стадиуми. За авионско третирање на BIOPREN 50 Liquid Mosquito larvicide не се препорачува да се третираат водени површини со изобилие на вегетација.



Шифра: