како веднаш да се ослободите од мравките
29/ 08/ 19/

4 совети како веднаш да се ослободите од мравките

Мравките се сметаат за штетници затоа што се појавуваат во голем број и се појавуваат од разни отвори и пукнатини. Најчесто можете да ги забележите на места каде што се собира вода, во кујната, или на двојните подови.

За да се ослободите од мравките можеби нема да ви треба долг период како за останатите штетници, но сепак процесот трае поради нивната многубројност. Најефикасниот начин за да се ослободите од нив е со инсектициди против мравки. Но, пред тоа, Вие можете да ни помогнете нам со тоа што ќе го остранувате тоа што ги привлекува.

1. Никогаш не ја оставајте храната на отворено

Дел од причината за појава на мравките е храната која штетниците ја уништуваат и ја контаминираат. Првенствениот чекор за да се ослободите од мравките е да се обидете ја намалите нивната зачестеност со тоа што редовно ќе ја складирате храната.

Најдобро е да изберете места што сметате дека им се недостапни, на пример, чувајте ја на затворени површини. Во зависност од типот на храна, чувајте ја на полици кои се затвараат, вакум кеси за храна, или пак во пластични кутии. Доволно е да го применувате овој совет за правилна хигиена во станбени објекти додека не забележите дека почнале да исчезнуваат.

2. Редовно чистете ги корпите за отпадоци

Корпите за отпадоци треба редовно да се чистат зошто мравките се движат околу нив, трагајќи по остатоците од храна. Со секое фрлање на храна, незабележително ни паѓаат ситни остатоци на подот околу кантата.

Според тоа, еден начин за да ја намалите појавата на мравките е да ги чистите корпите. Можеби овој пристап не е долготраен како што се професионалните услуги на контролорите на штетници, но сепак ќе ви помогне за привремено да се ослободите од мравките.

3. Темелно исчистете го секој дел од вашиот дом со средство

Друг начин за да се ослободите од мравките е да ги чистите површините со средства против лазечки инсекти. Како генерален дистрибутер, работиме со средства за заштита од инсекти кои се доста ефикасни и со достапни цени.

Прво, исчистете со вода на површините каде има остатоци од храна, а потоа со средство, темелно исчистете ги површините каде што се собираат. Притоа, потрудете се да не ги изоставите ќошињата и подот. Во зависност од производот, потребно е да не ги посетувате просториите од 10 до 15 минути. После тоа, оставете ги просториите дополнителни 30 минути за да се проветрат.

4. Повикајте професионалната контрола на штетници

Како инсекти кои припаѓаат на групата штетници, мравките знаат да бидат голем проблем зошто никогаш не се знае во колкав број се населиле во вашиот дом. За да се растури нивното “гнездо” чистењето на отпадоци и површини не секогаш е доволно, во некои случаи, потребни се професионални производи.

Со сертифицираната контрола на штетници ќе се ослободите од мравките за пократко време од просечното. Тоа е така затоа што професионалците ги проучуваат сите типови на инсекти и знаат како да пристапат на проблемот со соодветна контрола на штетници.

Заклучок

Можеби не се штетни за вашето здравје, но мравките знаат да бидат непријатни. Доколку Вие самите не успеете да се ослободите од мравките, можете да не контактирате. Ние ќе се погрижиме за Вас и ќе се потрудиме да придонесеме за да се чувствувате пријатно и безбедно во вашиот дом.